27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвиот човек на „Банката на Кипар“ поднесе оставка

Првиот човек на „Банката на Кипар“ поднесе оставка

diektor-banka

Претседателот на Управниот совет на најголемата кипарска банкарска институција, „Банката на Кипар“, Андреас Артемис денеска поднесе оставка од функцијата.

За попладнево е закажана седница на Управниот совет на банката на која ќе биде разгледана оставката на Артемис.

Причините за оставката официјално не се соопштени, но според извори во банката, Артемис решил да се повлече во знак на протест затоа што не бил претходно инфромиран за именувањето на нов менаџер на оваа финансиска институција.

Според други извори пак, оставката на Артемис е поврзана со преземањето на филијалите на кипарските банки во Грција од страна на грчката „Пиреус Банка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП