6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа е љубоморна на Германија

Европа е љубоморна на Германија

volvgang1

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле оцени дека неговата земја е мета на критики од страна на европските земји поради љубомора.

„Тоа е исто како во училиште, кога лошите ученици му се љубоморни на најдобриот ученик“, ги коментираше Шојбле критиките упатени кон Германија, особено од југот на Европа.

Шојбле, сепак, го отфрли тврдењето на тв станицата ЗДФ дека Германците се „лошите момци во Европа“.

„Тоа не е точно. Останатите земји многу добро знаат дека Германија ја превзема одговорноста“, потсети министерот потенцирајќи дека германскиот придонес учествувал во различните видови на помош која ја добивале европските земји кои се најдоа на работ од банкротот.

„Таков вид на солидарност е во наш интерес. Имаме корист од Европа во однос на трговските можности, како и во поглед на нејзиниот голем пазар“, додаде германскиот министер за финансии.

„Но, сите треба да се држат до превземените обврски. Сите мораат да ги организираат нивните буџети. Сите мора да имаат конкурентна економија. А оние кои превземаат преголем ризик на крајот не мора да плаќаат за тоа“, изјави Шојбле.

„Кипар е во тешка ситуација. Луѓето во Кипар ќе преживеат тежок период. Тоа е неизбежно!“, заклучи министерот за финансии на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП