16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстриските банки ги враќаат кредитите

Австриските банки ги враќаат кредитите

money1

Австриските банки вратија 7,7 милијарди од вкупно 15,7 милијарди евра помош која ја добија во 2012 година од Европската централна банка.

Австриските банки ја искористија можноста да вратат дел од помошта, а најголемиот дел од кредитите минатиот месец го вратија „Ерсте Груп“ и „Баваг“, пренесува статистичарот на Националната банка на Австрија, Јоханес Тарнер.

„Ерсте“ на крајот на февруари на Европската централна банка и врати четири милијарди евра, а „Баваг“ две милијарди евра.

Додека Австрија врати половина од дадената помош, банките во еврозоната и вратиле на ЕЦБ само една четвртина од вкупната помош која изнесува 1.000 милијарди евра.

ЕЦБ на крајот на 2011 и почетокот на 2012 година им помогна на банките во еврозоната да го надминат проблемот со ликвидноста, кој настана поради должничката криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП