14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален бројот на превезени патници во Lufthansa

Намален бројот на превезени патници во Lufthansa

lufthansa-luftlufthansa

Европскиот авиo-транспортен гигант „Lufthansa“ во септември забележа пад на бројот на патници од 0,3 проценти на годишно ниво, што е последица од минатомесечниот штрајк на вработените.

Групацијата која е обединета од компаниите „Lufthansa“, „Germanwings“, „Swiss“ и „Austrian Airlines“ во септември превезла 10,2 милиони патници, што е за 0,3 проценти помалку отколку во септември 2014 година, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата АФП.

Стапката на пополнетост на капацитетите исто така е намалена за 0,7 проценти, на 83,7 проценти, додека бројот на летови е намален за 0,6 проценти на годишно ниво.

„На деловните активности на групацијата „Lufthansa“ негативно се одрази штрајкот на пилотите на почетокот на септември“, се вели во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП