Целовкупниот пренос на податоци преку мобилните уреди достигна 13.412 петабајти на крајот од 2012-та година, што е раст од 69 проценти во однос на 2011-та година.
Како што пренесува порталот „ABI Reasearch“, „3G“ преносот на податоци изнесува 46 проценти од вкупниот сообраќај, што е раст од 130 проценти.
Сообраќајот преку „4G“ мрежата исто така се зголемува, а нивото на раст е 207 проценти во 2013-та година во однос 99 проценти колку што е растот на „3G“ сообаќајот.
На развиените пазари „4G“ бележи значителен пораст. Компанијата „Verizon Wireless“ соопшти дека половина од преносот на податоци е преку „4G LTE“ мрежата.
Основа за користење на мобилниот интернет се апликациите за паметните телефони, а со превземање на тие апликации од интернет и допринесува сообраќајот значително да се зголемува.
Во текот на 2012-та година превземени се 36.2 милијарди апликации за паметните телефони што е 88 проценти повеќе од 2011-та година.
Азиско-пацифичкиот регион ја превзема од Северна Америка водечката позиција со 39 проценти од вкупно симнатите апликации.
Во извештајот се наведува дека половина од преносот на податоци се дел на сурфањето.
Мобилните уреди со големи екрани и „4G“ брзина до 2018-та година ќе го стимулираат емитувањето и симнувањето на видео записи до ниво од 56 проценти од вкупната содржина.