17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна вила под земја (фото)

Луксузна вила под земја (фото)

под1

За оние кои сакаат да го намалат негативното влијание на опкружувањето, најдоброто место за изградба на дом се наоѓа под земја…

Познати како подземни вили, односно еко-вили, овие структури ја минимизираат количината на искористениот зелен простор, така што сите неопходи простории ги сместуваат под површината на земјата. Двете англиски компании, NC Homes и Huntsmere, предложија изградба на подземна куќа, која ќе биде подеднакво луксузна како и традиционалните, над површината. Наречена Перду, оваа вила е со кружен облик и има три спални соби, а се наоѓа во Манчестер.

Кога се гради под нивото на земјата главна преокупација е обезбедувањето на доволно количина на природна светлина. За да и се обезбеди таа количина, вилата Перду има куполасти премини во својот централен дел, кои овозможуваат сончевата светлина да се пробие и да го осветли целиот дом.

Покрај својата уникатна локација, вилата Перду има префинето декорирана кујна, дневна соба, спална соба и приватна теретана. Има и базен кој има дури и воден тобаган. Оваа луксузна еко вила воопшто не е евтина – нејзината цена е 4 милиони долари.

под2

под3

под4

под5

под6

под7

под8

под9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП