7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Германците ги влечат сите конци“

„Германците ги влечат сите конци“

lon1

Планот за спас на Кипар е уште еден пример дека Германците ги влечат сите конци, бидејќи тие, а не Кипар, се вистинските победници на крајот, пишува словенечкиот весник Дневник.

Германија го доби она што од секогаш го сакаше, намален и исчистен банкарски сектор во Кипар, а тоа што Русите ја платија највисоката цена е уште еден плус, пренесува агенцијата СТА.

„Се чини дека Европа е воодушевена од навидум елегантното решение, кое не ја загрози светлоста на гарантираните депозити над 100.000 евра, а ја задржа светлината за формирање на европската банкарска унија“, наведува словенечкиот Дневник.

Меѓутоа не е тешко да се процени што размислуваат штедачите во Италија, Шпанија, па дури и Словенија.

Штедачите во други земји од сега ќе бидат повеќе внимателни, и на првиот знак за проблем ќе формираат редови пред банките, зголемувајќи го ризикот дека ќе дојде до опасно и масовно повлекување на средствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП