10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКолку чини една ноќ во најскапиот хотелски апартман?

Колку чини една ноќ во најскапиот хотелски апартман?

menn1

Доколку планирате да престојувате во новоотворениот петoсобен апартман во „The Mark“ хотел на Менхетн, бидете подготвени да платите…

Овој апартман со површина од 1.200 квадаратни метри, кој целосно ги зазема 16-от и 17-от кат од познатата зграда во Менхетн, не е само најголемиот апартман во Америка, туку и најскапиот апартман во целиот свет. Една ноќ во овој апартман ќе ве чини 75.000 долари. Оние кои се доволно среќни и богати да престојуваат во овој апартман, ќе имаат можност да користат еден од трите приватни лифтови, да одат по подови од бел даб до грациозната балска сала.

Покрај балската сала, се наоѓа трпезаријата со 24 места за седење, кујната опремена со апарати од брендовите „Miele“ и „Gaggenau“, кои гостите секако нема да ги користат, бидејќи со овој апартман следува и услуга со тројца професионални кувари, кои ќе ви подготвуваат приватни вечери.

Главната спална соба има свој одвоен простор за седење, со камин и две гламурозни гардероби со вградени гардеробери, кои се декорирани со зелена боја. Бањата содржи грејни подови и инфините када.

Пред појавата на овој апартман, најскапиот хотелски апартман се наоѓаше во Женева и чинеше 60.600 долари за една ноќ.

menn2

menn3

menn4

menn5

menn6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП