8 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМаска од злато и платина за iPhone 5

Маска од злато и платина за iPhone 5

ma5

Овие маски направени од чисто злато и платина, ќе можат да си ги дозволат само оние со големи банкарски сметки.

Креаторите од „Brikk“ компанијата, оваа линија на златни и платински маски за „iPhone 5“, ја нарекле „Heaven“. Серијата се состои од само три модела произведени од злато и еден модел кој потполно е направен од платина.

ma1

Целата колекција е рачно направена од страна на највештите дизајнери и занаетчии во светот. Производителите гарантираат дека бојата на овие маски никогаш нема да стане бледа бидејќи се направени од чисто злато и платина.

ma2

Секоја маска од линијата „Heaven“ содржи 75 грама чисто злато, додека платинскиот модел содржи 100 грама чиста платина. Златните верзии чинат 11.610 долари, додека верзијата од платина е нешто поскапа и чини 14.000 долари.

ma3

Интересно за компанијата „Brikk“ и оваа колекција е тоа што дел од приходите ќе одат во хуманитарни цели и ќе се испратат на најзагрозените земји како што е Сомалија.

ma4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП