10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЧетири драми од Венко Андоновски на хрватски

Четири драми од Венко Андоновски на хрватски

genetika pasa 22

Неодамна, во издание на Друштвото на хрватските писатели, во едицијата „Мала библиотека“, излезе на хрватски од печат книгата „Генетика на кучињата“, со поднаслов „Избрани драми и комедии“ од Венко Андоновски.

Книгата има 314 страници. Станува збор за колекција од четири драми на Андоновски: „За секого има по една“, „Олово на перница“, „Граница“ и „Генетика на кучињата“, сите во превод на хрватскиот македонист, проф. д-р Борислав Павловски. Книгата е збогатена и со поговор на 33 страници, од истакнатиот хрватски театролог Мира Мухоберац.

Покрај констатацијата дека станува збор за еден од најпознатите македонски писатели во последниве две децении, Мухоберац истакнува дека во драмите на Андоновски се открива еден „новосфатенсвет, македонски, балкански, европски, егзистенцијално вечен, еден универзум скаменет од политика и црнила, кој можните љубов и слобода ги претвора во трпење и мака.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП