26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдвокат го напушти Сандерленд

Адвокат го напушти Сандерленд

sp-advokat_620x0

Поранешниот холандски селектор, Дик Адвокат, ја напушти клупата на Сандерленд, соопшти англискиот премиерлигаш. Адвокат менаџер на Сандерленд стана во март годинава кога успеа да избори опстанок во Премиерлигата со ‘црните мачки’.

Сандерленд во моментов се наоѓа на 19-то место во Премиерлигата, а холандскиот тренер реши да се повлече по ремито со Вест Хем (2:2).

„Донесов одлука по осум натпревари, бидејќи сметам дека на екипата ќе ѝ треба малку време за да направи пресврт во оваа сезона“, рекол 68-годишниот Адвокат.

Во својата богата кариера Адвокат бил тренер на голем број екипи, меѓу кои Зенит, ПСВ, Глазгов Ренџерс, АЗ Алкмар, Борусија Менхенгладбах, а бил и селектор на Холандија, Јужна Кореја, Русија и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП