17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Мекдоналдс“ - со новитетите доаѓаат и повисоки цени

„Мекдоналдс“ – со новитетите доаѓаат и повисоки цени

meki 333

Рестораните на американскиот ланец за брза храна „Мекдоналдс“ во Канада планираат да отворат во наредните две години нови 15.000 работни места со цел да се подобри услугата на клиентите.

Во наредните две години бројот на вработени во рестораните на „Мекдоналдс“ во Канада ќе биде зголемен од 85.000 нa 100.000.

Новиот начин на услуга ќе биде воведен постепено ширум Канада. Засега тој веќе е воведен во Торонто, а следниот на ред е Монтреал.

Исто така во повеќето ресторани, клиентите ќе можат да нарачаат хамбургер по сопствен вкус кој ќе им биде сервиран на маса.

На клиентите ќе им биде овозможено да нарачаат и самите да креираат оброк. При изборот на сопствен хамбургер ќе мораат да се одлучат за еден од петте понудени видови на кашкавал, 12 видови на зачини и два вида на лепчиња, и дали како прилог сакаат сланина или не. Нарачаниот оброк ќе им биде донесен на масата на која седат.

Цените за така послужениот оброк ќе бидат поголеми од вообичаените.

Новиот вид на услуга ќе биде воведен во 1.000 до 1.100 ресторани од вкупно 1.400 колку што има „Мекдоналдс“ во Канада. Овој новитет би требало да биде воведен до 2017-та година, кога ќе се одбележи 50 години присуство на „Мекдоналдс“ во Канада.

„Многу сме возбудени поради најавените промени. Мислам дека тоа ќе го промени овој вид на индустрија“, изјави шефот на дирекцијата на канадскиот „Мекдоналдс“, Џон Бетс.

„Мекдоналдс“ веќе неколку квартали не бележи раст во продажбата која во второто тромесечије од оваа година забележа пад на глобално ниво од 0,7 oтсто.

Во САД во тој период продажбата забележа пад од два отсто, а нето профитот од 13 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП