20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСтартува со работа оне.Вип

Стартува со работа оне.Вип

vip

Со ветување за ново поглавје на македонскиот телекомуникациски пазар

Новоформираната компанија која настана со спојување на Оне и Вип официјално стартуваше со работа. Со спојување на кориснички бази на двете компании, оне.Вип прерасна во еден од најголемите телекомуникациски оператори во Република Македонија кој ќе опслужува над 1,3 милион корисници со услуги во мобилната и фиксната телефонија, интернет комуникациите и телевизијата.

„Заедно создадовме телекомуникациски гигант кој и понатаму ќе нуди најдобри услуги, со што ќе биде првиот избор на македонските корисници“, изјави Никола Љушев, извршен директор на оне.Вип, нагласувајќи дека „новата компанија и понатаму ќе се труди да создава повеќе вредност за сите – за корисниците, вработените, акционерите, за пазарот и општеството во целина“.

Со спојувањето, новата компанија ќе има поголем капацитет за инвестирање во сите телекомуникациски сегменти, што ќе овозможи збогатување на понудата со најновите светски технолошки достигнувања, понатамошно унапредување на квалитетот и развој на иновативни услуги базирани на најнапредни технологии во фиксниот и мобилниот домен, креирајќи го најдоброто портфолио на конвергентни фиксни-мобилни комуникациски услугиза корисниците во Македонија.

Во периодот до целосна интеграција на сите оперативни и технички системи што се очекува да се комплетира до крајот на 2016-та година, оне.Вип ќе продолжи да функционира преку две засебни постојни мрежи, системи за наплата, тарифни портфолија и продажни места на Вип и Оне.  Ова значи дека корисниците и понатаму ќе ги задржат своите постојни договори и ќе продолжат да ги добиваат услугите, под истите услови, квалитет и цени, како и досега. За таа цел, оне.Вип ќе ги задржи сите 900 вработени од двете досегашни компании.

„Започнува нова етапа во развојот на телекомуникацискиот сектор, што за нас е дополнителен предизвик. Следува период на целосна интеграција што ќе генерира нов, дополнителен квалитет за корисниците и понатамошен развој на пазарот. На крајот на тој процес, новата компанија ќе биде подготвена да ги нуди сите најсовремени комуникациски услуги на едно место, со најдобар квалитет и најдобро севкупно корисничко искуство. Ќе понудиме нови производи, услуги и нова содржина, задржувајќи го фокусот кон потребите на корисниците. Истовремено ќе бидеме оние што ќе ја стимулираат конкуренција, кои ќе инвестираат во инфраструктура, иновации и технологија со што ќе придонесеме и за вкупниот развој на македонската економија“, истакнаЉушев.

vi

Компанијата продолжувада обезбедува стабилност за своите вработени, овозможувајќи им услови да ги развиваат вештините неопходни за следење на најновите глобални трендови во телекомуникациската индустрија со што тие полесно и поефикасно ќе можат да се имплементираат и во Македонија.

Дополнително ќепродолжат и вложувањата во проекти значајни за заедницата, со што новата компанија,негувајќи ги вистинските вредности, ја продолжува традицијата на силен поддржувач на македонското општество.

Договорот за спојувањето на подружниците на Телеком Австрија Групацијата и ТелекомСловеније Груп во Македонија беше објавен на 22. октомври 2014 година. Според тој договор, Телеком Австрија Групацијата поседува 55% и ќе има целосна контрола врз новосоздадената компанијаоне.Вип, додека ТелекомСловеније Груп поседува 45% од сопственоста. Покрај тоа, договорот вклучува и опции за излез на ТелекомСловеније Груп од заедничката компанија во рок од три години од завршувањето на спојувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП