23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолитичката неизвесност во Италија ги зголеми трошоците за задолжување

Политичката неизвесност во Италија ги зголеми трошоците за задолжување

it1

Трошоците за задолжување на Италија во понеделникот пораснале поради политичката неизвесност на аукцијата за обврзници на која Рим успеа да собере 3,8 милијарди евра.

Италија со продажбата на трезорските записи со рок на доспевање од 12 месеци, собрала 2,8 милијарди евра, со каматна стапка од 1,75 проценти. На минатата слична аукција, одржана претходниот месец, каматната стапка изнесувала 1,68 проценти.

Додатни 990 милиони евра се собрани со продажба на 15-годишни и 5-годишни обврзници. Иако побарувачката била силна, повеќе од двојна во однос на понудениот износ за долгорочни обврзници, Рим не собрал колку што можел поради повисоките каматни стапки.

Централно-левичарскиот лидер Пиер Луиџи Берсани одржа консултации околу формирање на новата влада, после минатомесечните  парламентарни избори кои завршија без јасен победник. Се очекува резултатите од консултациите да бидат објавени во наредните денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП