Научниците и лекарите во 2017 година би можеле да се соочат со нова пандемија на смртоносниот вирус на грипот од типот H2N2, кој првпат се појави во Азија во 1957 година, кога според различни процени починале меѓу милион и четири милиони луѓе, предупреди во четвртокот познатиот виролог директор на одделот за биоинфроматика во „PanaGene Ltd“, Владимир Блинов.
Според стручњакот, новата пандемија од грипот H2N2 е многу веројатна во текот на 2017 година поради цикличноста на вирусот, кој вообичаено се појавува на интервал од шеесет години.
„Во моментов го следиме вирусот H2N2, меѓутоа треба да се случи рекомбинација меѓу типовите од грипот кај птиците и свињите. Извори би требало да бидат свињите. Свинскиот вирус H2N2 е ист како и птичјиот H2N2. Оттаму, нашите предвидувања имаат голема оправданост….“, изјави Блинов на прес-конференција во четвртокот.
Според него, ширењето на вирусот, кој е ќе се разликува од вирусот од 1957 година по различните мутации, најверојатно ќе започне во Кина, каде што е концентрирана голема популација од свињи и птици.
Блинов смета дека новиот вирус H2N2 ќе биде помалку патоген, под на пример вирусот на ткн „свински грип“ H1N1, додека фармацевтскиот сектор не е подготвен за него и нема ефикасна вакцина против него.
„Вакцина може да биде направена вакцина и за една седмица, доколку постои технологија на обратна транскрипција. Односно, тоа може да се направи веднаш, но за тоа мора да има многу добро опремена лаборатории“, рекол експертот.
Вирусот H2N2 првпат се појави во јужните области на Кина во 1957 година. Како резултат на епидемијата на групот во Азија во 1957 и 1958 година, според различни податоци, починале меѓу еден и четири милиони луѓе. Опасниот вирус во конечно беше сузбиен во 1968 година. Во 2005 година, експертите на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), објави дека луѓето родени по 1968 година може да немаат имунитет на овој вирус, бидејќи не се спроведувала вакцинација.