21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОскарот од 1930-та продаден за 180.000 долари

Оскарот од 1930-та продаден за 180.000 долари

kariera-skara

Статуетката на Оскарот доделен во 1930 година на актерката Норма Ширер за улогата во филмот „Разведена жена“ (Divorcee) е продадена за 180 илјади американски долари, што е редок пример на продажба на престижното признание коешто го доделува американската филмска академија, забележуваат медиумите.

Оскарот на продажба го понудила установата која се грижи за оставината на актерката Норма Ширер. Оваа американско-кандаска актерка филмска ѕвезда од 1930-те години, се прослави со ролјите во филмовите како „Марија Антоанета“ и „Жени“, а била номинирана за Оскар за најдобра женска улога во уште пет други филмови. Ширер почина во 1983 година,

Академијата не одговорила на барањето на медиумите да ја коментира аукцијата одржана во средата во Холивуд.

Оскарите многу ретко се појавуваат на аукции, бидејќи Академијата за филмски уметности во 1950 година забрани продавање на статуетката на добитниците и нивните наследници пред да го понудат на Академијата, и тоа за еден долар.

Инаку веќе неколку Оскари доделени пред 1950 година во последните години се продани на аукција. Така, Оскарот за најдобар филм кој во 1939 година го доби „Однесено со виорот“, своевремено го купи сега починатата поп икона Мајкл Џексон за сума од милион ипол долари.

На самиот крај од 2011 година статуетката Оскар којашто познатиот светски актер и режисер Орсон Велс ја доби за сценариото на култниот филм „Граѓанинот Кејн“, сметан за еден од најдобрите филмови на сите времиња, беше продаден на аукција за 861.542 долари, четири години по првото неуспешно наддавање.

Во октомври 2014 година, Оскарот кој во 1941 година го доби за главна женска улога актерката Џоан Фонтејн беше понуден на наддавање. На Фонтејн, која почина во 2013 година на возраст од 96 години, го освои Оскарот за насловната ролја во филмот „Сенка на сомнежот“ на славниот режисер Алфред Хичкот, во кој играше со Кери Грант. Таа инаку е единствениот актер воопшто кој добил Оскар за ролја во некој филм во Хитчкок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП