5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВереничкиот прстен на Наполеон продаден за 896,000 евра

Вереничкиот прстен на Наполеон продаден за 896,000 евра

napo1

Вереничкиот прстен на Наполеон Бонапарта кој го поседувала неговата жена Жозефина беше продаден на аукцијата во Франција за 896,000 евра, откако претходно беше проценет на износ од 8.000 до 12.000 евра.

Прстенот со дијаметар од 18 милиметри, е украсен со дијаманти и сафири во облик на круша.

„Наполеон во тоа време немал многу пари и затоа прстенот е толку едноставен“, изјави Жан Кристофер од аукциската куќа Осенат.

Прстенот беше дел од колекцијата на принцот Виктор Наполеон, пра-внук на францускиот император, кој наследил поголем дел од неговите работи.

Наполеон во 1796 година се оженил со вдовицата Жозефина, еден месец по нивната веридба. Таа му помогнала да го задржи водството во Италија. Жозефина е заслужна за поголем број од успесите на Наполеон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП