12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриено потенцијално лечење на ‘синдромот маѓосаниот ден’

Откриено потенцијално лечење на ‘синдромот маѓосаниот ден’

6.00

Неврофизиолозите создале еден вид невропротеза, којашто овозможува поврзување на центрите за краткотрајната меморија со деловите од мозокот во кои се зачувуваат долготрајните сеќавања, што може да им помогне на лицата кои страдаат од мистериозниот ткн „синдром на маѓосаниот ден“, според филмот на Хародл Рамис „Денот на мрмотот“ односно неможноста да се запомнат новите информации.

Овој изум биолозите од универзитетот Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, на годишната конференција на Институтот на инженерите за елетротехника и електроника (IEEE), посветена на проблемите во медицината и биологијата, која се одржува во Милано.

Своевидната протеза претставува збир од електроди, приклучени на непроменетите области на хипокампусот, центарот на меморијата во човековиот мозок, и специјалната програма којашто ја има улогата на своевиден „преведувач“.

Како што објаснуваат творците на оваа невропротеза, Тед Бергер и Дон Сонг, центрите за краткотрајната и долготрајната меморија во мозокот на човекот и другите цицачи „говорат на различни јазици“, и обично им помага да комуницираат одреден регионот во хипокампусот. Доколку овој дел од мозокот е оштетен како резултат на некоја повреда или развојот на мистериозниот „синдром на денот на мрмотот“, или започнува да има тешкотии во функционирањето, како при Алцхајмеровата болест, лицето ја губи способноста за помнење на новите информации.

Бергер и Сонг научиле како да ја имитираат функцијата на тие региони „толкувачи“, набљудувајќи ја работата на мозокот на животни и неколку волонтери кои боледувале од епилепсија во чии хипокамуси биле имплантирани електроди за време на операција. Користејќи ги добиените информации, неврофизиолозите создале компјутерски алгоритам, кој може да врши слични конверзии помеѓу видовите сигнали.

Неговата работа, научниците ја проверила на групата испитаници кои пателе од епилепсија, споредувајќи ги сигналите кои се генерирале во синџирите на долготрајната меморија, што ги давала програмата по обработувањето на нервните импулси, кои потекнувале од центарот за краткотрајно сеќавање.

Експериментот покажал дека алгоритамот се справува со проблемот во 90 отсто од случаите и „машинско преведените“ сигнали целосно се совпаѓале. Овој успех, како што веруваат научниците, ќе овозможи да им се помогне на лицата со Алцхајмеровата болест и со ткн „синдром на маѓосаниот ден“ да водат потполн живот.

Како што појаснуваат научниците, овој уред не е апарат за читање на мислите, тој ги преведува сигналите од еден тип во другиот кој е целосно „слеп“, без дешифрирање на содржината. Затоа безбедноста намислите на пациентите не може да бидат доведени во опасност, тврдат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП