5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПарфем за страсните жени - VERSACE EROS POUR FEMME

Парфем за страсните жени – VERSACE EROS POUR FEMME

versace-eros-pour-femme-fragrance-688x1024-688x520

Од сите наши сетила, сетилото за мирис најмногу се поврзува со емоциите. Иако мирисите се невидливи и испаруваат, тие се поврзуваат со спомените и токму затоа имаат влијание на нашата потсвест и чувства.

Мирисите можат да го намалат стресот или апетитот, или пак да направат да се чувствуваме посреќни. Машкото сетило за мирис функционира како филтер, систем кој буквално ги анализира сите потенцијални партнери. Мирисот има голем потсвесен ефект, ја поттикнува нашата самодоверба, претставува силен афродизијак, влијае како магнет врз луѓето околу нас.

Eros Pour Femme

Токму таква привлечност предизвикува најновиот парфем за жени од Версаче – EROS POUR FEMME. Овој парфем ја има преточено оваа исконска моќ на жената во еден блескав и заводлив мирис. Тој претставува олицетворение на привлечност, желба и страст, комбинација на предизвикувачки  женствени ноти. Привлечноста ja постигнува со комбинација од мирисите на лимон од Сицилија и Бергамот од Калабрија кои привлекуваат внимание, како и со зрната од Калинка кои вчудоневидуваат и заведуваат.

Желбата се изразува преку Јасминот кој пренесува автентична и безвременска женственост. Страста, длабока и мистериозна е добиена од дрвените ноти на сандаловото дрво.

Овој парфем ќе ги освои срцата на сите оние кои се во потрага на нешто впечатливо и уникатно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП