3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрожан ќе вози во тимот на Џин Хас

Грожан ќе вози во тимот на Џин Хас

grozan 00

Како што се претпоставуваше францускиот автомобилист Роман Грожан во наредната сезона, во Формула 1, ќе вози за новоформираниот тим на американскиот милијардер Џин Хас.

Шпекулациите се појавија пред три недели, а денеска пристигна официјална потврда од двете страни.

„Неможев да ја чекам разврската во случајот со Рено и Лотус. Добив добра понуда и мислам дека ова е чекор напред во мојата кариера. Она што Џин го направи во Инди кар и НАСКАР серијата доволно зборува за него“, рекол Грожан.

Во овој момент не е познато кој ќе го замени Грожан во Лотус, ниту пак кој ќе биде вториот возач на новоформираниот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП