5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина заработи 5 милијарди долари од продажбата на земјоделско земјиште

Кина заработи 5 милијарди долари од продажбата на земјоделско земјиште

zemja1

Кинеските власти заработија речиси 5 милијарди долари од продажбата на земјата која претходно ја откупија од земјоделците, наведуваат водечките кинески економисти.

Во време кога Кина се соочува со големиот Процес на урбанизација, конфискацијата на руралното земјиште предизвика бројни протести предизвикувајќи загриженост кај владејачката Комунистичка партија, која корупцијата и социјалните немири ги смета за најголеми закани.

Според кинеските закони, државата може да плати компензација која е 30 пати повеќе од вредноста на земјиштето кое го купува, но во пракса властите исплаќаат значитено помалку, или воопшто не ги исплаќаат, со цел потоа тоа земјиште да го продадат на градежниците по многу повисоки цени.

Економистот од Развојно-истражувачкиот центар на кинескиот Државен совет, Ву Јинглиан, изјави дека некои владини агенции заработиле, според конзервативни пресметки, околу 30 милијарди јуани од разликата на цената на земјиштето при кампањата за урбанизација во последната деценија. Триесет милијарди јуани, претворени во американски долари, изнесуваат 4,8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП