28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Шпанија најслаб раст на производните цени во последните три години

Во Шпанија најслаб раст на производните цени во последните три години

shpanija1

Производните цени во Шпанија во февруари забележаа најслаб раст во последните три години, главно поради забавувањето на растот на трошоците за енергија, покажуваат податоците на Заводот за статистика ИНЕ.

Производните цени минатиот месец се зголемиле за само 2,1 проценти во однос на годината претходно, по 2,6 процентниот раст во јануари. Тоа е нивниот најслаб раст од февруари 2010 година, кога на годишно ниво забележаа зголемување од 1,1 процент.

Цените на енергијата се зголемени за 1,6 проценти, додека цените на стока за широка потрошувачка за 3,7 проценти. Капиталните и интермедијалните добра се поскапени за 0,3 проценти, односно 1,8 проценти.

На месечно ниво, производните цени во февруари се зголемени за незначителни 0,2 проценти, по 1,1 процентниот раст во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП