21 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАKickstarter финансирал 1500 игри

Kickstarter финансирал 1500 игри

kickstarter

Досега играчите преку „Kickstarter“ инвестирале 107 милиони долари за 1.476 успешно лансирани наслови.

Од своето основање во 2009-та „Kickstarter“ платформата беше средство и алат на многу ентузијасти и студии во остварувањето на своите соништа. Од оживувањето на култни наслови, па се до идни игри, „Kickstarter“ им овозможи на многу играчи да учествуваат во процесот на производство на игри.

Повеќе од 630.000 луѓе ја дадоа својата поддршка за 4.500 наслови, од кои дури 1.000 од минатата година. Платформата доживеа експлозија на популарност во 2012-та година кога собраа дури 83 милиони долари. За споредба од 2009-та година кога интернет страницата започна со работа, нејзиниот промет изнесуваше само 60.000 долари. Една година подоцна беа собрани пола милион долари за различни видео-игри, додека во 2011-та година тој износ изнесуваше скоро 4 милиони. Досега во 2013-та година играчите „ветија“ 23 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП