2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple првиот викенд продал 13 милиони парчиња од новите iPhone

Apple првиот викенд продал 13 милиони парчиња од новите iPhone

9aa64608fcd507f61f90292dedd495bfa01d93ae

Американскиот технолошки гигант Apple објави дека во текот на првиот викенд од продажбата, од 25-ти до 28-ми септември, продал повеќе од 13 милиони парчиња од новите модели паметни телефони iPhone 6s и 6s Plus.

„Продажбата на iPhone 6s и iPhone 6s Plus покажа феноменални резултати во текот на првиот викенд, оставајќи ги далеку зад сите претходни постигнати рекорди во историјата на Apple“, се вели во писмената изјава на челникот на компанијата Тим Кук.

Во соопштението се додава дека овие модели од 9-ти октомври ќе се продаваат во уште 40 земји, меѓу кои се и големите пазари во Русија, Мексико, Тајван, Италија и Шпанија. Следните големи пазари на кои ќе започне продажбата на новите смартфони се Индија, Малезија и Турција, на 16-ти октомври, а до крајот на годинава ќе се продаваат во вкупно 130 земји, се додава во соопштението.

Новите модели надворешно се идентични како и нивните претходници. Меѓу промените и надградбите, коишто ги истакнуваат од Apple, се и флексибилното куќиште, новиот чип за кој тврдат дека има за 90 отсто подобри графички перформанси и 3Д екранот на допир, благодарејќи на кој новите iPhone уреди ќе препознаваат три степена на допир и зависно од силината на притисокот ќе води кон различни операции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП