20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина се вооружува во Русија

Кина се вооружува во Русија

35400

Кина потпиша договор за купување на дваесетина борбени авиони и четири подморници од Русија. Ова е првата поголема воена набавка од Москва, стои во соопштението кое го објавија државните медиуми во оваа земја.

Договорот за купувањето на 24-те борбени авиони од моделите СУ-35 и четирите подморници од класата Лада беше потпишан за време на посетата на Русија на претседателот на Кина, Хи Јинпинг.

Во информациите не се наведени вредностите на договорените нарачки, туку само се потврдува дека по 10 години ова е поголема количнина на воено-технолошка опрема од Русија која ја купила Кина.

Овој договор дојде во време кога Пекинг значајно настојува да ги модернизира своите вооружени сили. Минатата година беше пуштен во употреба и првиот носач на авион, исто така беше извршен и првиот лет на авионите со стелт технологија и беа претставени ракетите кои исто така имаат стелт технологија.

Воведувањето на нови борбени средства од страна на Кина се случуваат за време на зголемените тензии со Јапонија околу спорните острови во Источното кинеско море.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП