29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Приватниот сектор мора да учествува во спасувањето на еврозоната“

„Приватниот сектор мора да учествува во спасувањето на еврозоната“

eu111

Три мали земји од еврозоната, Финска, Ирска и Естонија, мислат дека учеството на приватниот сектор во иднина треба да биде правило во можните одобрувања на пакетите со финансиска помош.

„Приватниот сектор мора да учествува во тоа“, порача во неделата ирската министерка за европски работи Лусинда Крегтон, одговарајќи на прашањето за природата на идните пакети за помош.

Финска, домаќинот на мини самитот во Сариселк, Лапонија, смета дека планот за спас на Кипар, во кој се очекува да се вклучат големите банки, е пресвртница во однос на претходните планови.

Финскиот министер за европски прашања Александер Стуб, оценува дека еврозоната преминува од состав за спасување со надворешна помош на состав во кој доверителите и сопствениците на должничките обврзници мораат да понесат дел од товарот.

„Мислам дека тоа е пораката од овој план за спасување (Кипар)“, истакна Стуб, додавајќи дека секој план за спасување е „единствен“.

Естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес мисли дека некои земји од еврозоната се се помалку склони кон спасување на банките и земјите со државни финансии.

„Не е разумно да се турка нешто што подоцна парламентот ќе го отфрли“, рече Илвес.

Мини самитот во Сариселк кој заврши во неделата наутро, го организираше финскиот премиер Јурки Катаинен, со задача да ги испита главните линии во европската интеграција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП