12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН гарантираат подобар свет за 15 години

ОН гарантираат подобар свет за 15 години

podobar-svet

Челниците на планетата во петокот ја усвоија амбициозната програма, којашто ветува подобар свет за 15 години во сите области, по висока цена и без гаранции за успех.

На почетокот од самитот на кој до недела ќе се соберат 150 шефови на држави и влади во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, беа одредени 17-те цели на трајниот развој кои мора да бидат остварени до крајот на 2030 година.

„Мораме веднаш да се фатиме за работа“, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Побара од сите влади во декември во Париз, на климатскиот самит, да усвојат цврст и општ договор за климата.

Младата Пакистанка Малала Јусуфзаи, добитничка на Нобеловата награда за мир, побара од владите да ги одржат ветувањата за образованието за сите, вклучително и девојчињата и децата бегалци од Сирија. Папата Франциск рече дека новиот план за дејствување претставува „важен знак на надеж“, но предупреди дека не е доволно да се составуваат долги списоци на добри намери и додаде дека пред плановите стојат конкретни личности коишто живеат, се борат и патат.

Првата цел е елиминирање на сиромаштијата во сите облици, имено 836 милиони луѓе и натаму живеат со помалку од 1,25 американски долари дневно. Траба, исто така, на сите да им се обезбеди пристап до образование и здравство, да се води борба против зголемените нееднаквости, да се промовираат жените и да се ограничи климатското загревање. Овие огромни планови следеа по носењето на Милениумските цели на развојот (MDG) за периодот од 2000 до 2015 година.

Овој план е многу поамбициозен од осумте MDG насочени на сиромаштијата и здравјето во земјите во развој. Новиот план ќе се применува и на развиените земји и ќе се однесува и на политички чувствителните области.

Треба да се обезбеди финансирањето на овој план и да се гарантира дека владите ќе ги почитуваат. На овој план, инаку, му се закануваат и силниот демографски раст кој се очекува до 2030 година во супсахарска Африка, претераната урбанизација и стареење на светското население.

Секоја земја ќе биде слобода да ги применува или не целите и да избере средства за нивната примена. Експертите сметаат дека ќе бидат потребни меѓу 3.500 и 5.000 милијарди долари годишно следните 15 години за финансирање на овој план. Тоа е повеќе од бруто домашниот производ (БДП) на Франција, Велика Британија и Германија. Се забележува, исто така, дека ослабела помошта на богатите земји на сиромашните во текот на економската криза од 2008 година.

Резултатот од претходниот план е оценет како умерен. Крајната сиромаштија и смртноста на децата паднале за половина од 1990 година и 92 отсто од населението на земјите во развој сега имаат пристап до мобилната телефонија, наспроти само 10 отсто во 2010 година. Меѓутоа, на природната околина многу ѝ наштетиле развојот во Кина и во Индија, а, исто така, и нееднаквостите многу се продлабочиле.

Во супсахарска Африка секое четврто лице е потхрането, додека во светот секоја година се фрлаат 1,3 тони храна, а 57 милиони деца воопшто не се школуваат. Две ипол милијарди луѓе на планетата немаат пристап до санитарен јазол, а истовремено и 1,3 милијарди луѓе не се приклучени на електрична мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП