5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНабавени се нови 56 биохемиски анализатори за 800 анализи на час

Набавени се нови 56 биохемиски анализатори за 800 анализи на час

laboratorija

Нови 56 биохемиски анализатори следниот месец ќе бидат доставени во 54 јавни здравствени установи во државата, а со нив ќе се овозможи побрзо добивање здравствена услуга, како и подигнување на нивото на квалитет и зголемување на точноста на биохемиските анализи.

Апарати се добиваат бесплатно со набавка на реагенси.

„Капацитетот на анализаторите изнесува 800 анализи на час комбинирано, односно 400 фотометриски тестови со 400 електролити. Просечно време на изработка на анализите е осум минути, што е значително побрзо од постојните анализатори. Во ист момент- On board може да се стават 63 реагенси, а по потреба се изработуваат и до 80 примероци“, појасни министерот за здравство Никола Тодоров.

Со новите биохемиски анализатори, се овозможува заштеда на средства, добивање побрза услуга, како и повисоко ниво на квалитет и точност на биохемиските анализи.

Нови биохемиски анализатори ќе добијат општите болници во Куманово, Гевгелија, Струга, Велес, Прилеп, Кочани, Кичево, Гостивар, Кавадарци, Дебар, Охрид и Струмица, здравствените домови во Демир Хисар, Гостивар, Радовиш, Струмица, Ростуше, Св.Николе, Берово, Гевгелија, Крушево, Прилеп, Крива Паланка, Железара, Тетово, Штип, Ресен, Пробиштип, Куманово, Кавадарци, Скопје, Охрид, Кратово, Битола, Македонски Брод, Пехчево, Железничар и Велес, психијатриските болници во Скопје, Демир Хисар и Негорци, Завод за нефрологија Струга, Геронтолошки завод Скопје, Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Скопје, ЈЗУ за кардиоваскуларни заболувања Охрид, Специјална болница ТБЦ Лешок, Специјална болницата Јасеново Велес, Специјална болница за ортопедија „Св.Еразмо“-Охрид, Институт за трансфузиона медицина, Институт за белодробни заболувања кај деца Козле, Завод за физикална медицина и рехабилитација Скопје, Институт за јавно здравје и Завод за рехабилитација Отешево, како и Универзитетската клиника за детска хирургија.

Според Тодоров, значајно е што јавните здравствени установи не треба да се грижат за сервис, промена на резервни делови и други технички аспекти, бидејќи фирмата која ги обезбедува апаратите, обезбедува и комплетна поддршка во овој дел. Потенцира дека фирмата ќе организира обука на сите здравствени работници од струката, за ракување со новите биохемиски анализатори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП