2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕCamus Cuvee коњак од 13.500 американски долари

Camus Cuvee коњак од 13.500 американски долари

ko1

Француското семејство Камус произведува коњак веќе 5 генерации, поточно од далечната 1863 година и сега прославува 150 години од своето постоење. По тој повод комапнијата го претставува својот нов коњак под името „Camus Cuvee 5.150 Cognac“.

ko2

„Camus Cognac“ денес е најголемиот независен производител на коњак на глобално ниво, а во текот на претходните години на пазарите лансираше две луксузни едиции на овој скапоцен пијалок, „Cuvee 2.105 limited edition“ и „Cuvee 3.140 cognac“. Најновиот примерок, за кого говориме во овој текст, има цена од неверојатни 13.500 долари по шише, а го креираше сегашниот претседател на компанијата „Camus“- Жан Баптист.

ko3

Овој коњак е мешавина од 5 видови на најквалитетно француско грозје, а во себе има формула од пет различни деликатесни коњаци. Самиот дизајн на шишето е многу интересен и убав за око со необични, асиметрични форми и органски облици кои потсетуваат на водопад.

ko4

Серијата ќе биде ограничена на точно 1.492 поединечно нумерирани шишиња, додека пак, 150 мини пакувања од 100 мл ќе се чуваат за библиотеката на овој бренд.

ko5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП