5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПиењето кафе не предизвикува аритмија

Пиењето кафе не предизвикува аритмија

kafe-kafe

Претпоставките за тоа дали пиењето кафе го зголемува ризикот за најчестиот облик на неправилна работа на срцето, атриската фибрилација, конечно може да престанат, ако се суди според новата научна анализа објавена во часописот BMC Medicine.

Атриската фибрилација е најчест облик на аритмија и може да го зголеми ризикот за срцев или мозочен удар. Поранешните истражувања сугерираа дека зголемената консумација на кафе може да го зголеми ризикот за атриска фибрилација.

Но, во новата студија на шведските научници, најголема досега од тој тип бидејќи вклучи 250 илјади луѓе, не е пронајдена врска меѓу кафето и аритмијата.

Во првиот дел на студијата учествувале нешто повеќе од 76 илјади луѓе кои кажале колку кафе пијат дневно. Биле посматрани 12 години, а просечно пиеле по три шолји на ден.

Консумацијата на кафе значително се зголеми последните децении, од 3,5 милиони тони на глобално ниво кон крајот на седумдесеттите, до седум милиони тони денеска.

Во вториот дел на студијата научниците всушност ги вклучиле податоците од другите четири слични студии, така што вкупниот број на учесници им пораснал на нешто помалку од 249 илјади луѓе.

Во таа група дијагностицирано се 10.406 случаи на атриска фибрилација, но не е пронајдена никаква врска со количеството испиено кафе, дури ниту во екстремните случаи.

„Не пронајдовме никаков доказ дека зголемената консумација на кафе ќе го зголеми ризикот за атриска фибрилација. Тоа е важно бидејќи покажува дека луѓето што сакат да пијат кафе, можат тоа мирно да го прават и во иднина и да не стравуваат дека тоа ќе им предизвика атриска фибрилација“, рече Сузана Ларсон од Кралскиот институт во Шведска, проект лидер на истражувањето.

Сепак, научниците напомнуваат дека нивната работа не сугерира дека консумацијата на кафето не е поврзана со други облици на промени на срцевиот ритам, бидејќи некои учесници во истражувањето морале да го намалат количеството кафе откако им предизвикало тахикардија(забрзана работа на срцето).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП