26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple го купи WiFiSLAM

Apple го купи WiFiSLAM

apple_wifislam

Од „Apple“ објавија дека ја купиле компанијата „WiFiSLAM“, која се занимава со навигација во затворени простории, па така се очекуваа компанијата од Купертин на своите корисници да им понуди слична можност во своите мапи.

Софтверот „WiFiSLAM“ им овозможува на корисниците да ја одредат својата локација со помош на „WiFi“ сигналот кој се наоѓа во нивна близина. Се истакнува дека прецизноста на овој начин на навигација е нешто помала од три метри. „Apple“ плати 20 милиони долари за компанијата која е „стара“ само две години и ова е само мал издаток од пребогатата сметка на „Apple“.

Сепак било каква помош на мапите на „Apple“ во борбата против супериорниот сервис на „Google“ е повеќе од добродојдена. Мапите на „Google“ веќе имаат слична можност, каде информациите за внатрешните простории ги објавуваат самите корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП