21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата „европска“ Honda Civic пристигнува во 2017-та

Новата „европска“ Honda Civic пристигнува во 2017-та

10 civic

„Honda“ соопшти дека следната генерација на својот компактен модел во Европа ќе го претстави на почетокот на 2017-та година. Европскиот „Civic“, хечбекот со 5 врати, ќе се произведува во Велика Британија.

По лансирањето на моделот за американскиот пазар, „Honda“ ќе стартува со обнова на гамата на моделот „Civic“ и на Стариот континент.

Овој автомобил ќе се изработува во Велика Британија и тоа во „островскиот“ погон на компанијата во Свиндон. Јапонскиот производител веќе во оваа фабрика вложи 270 милиони евра со цел да го унапреди технолошкиот процес.

На тој начин, вредноста на инвестициите на „Hondа“ во Свиндон достигнаа 3 милијарди евра од 1985-та година, соопштија од оваа компанија.

Покрај веста за моделот „Civic“ за 2017-та, „Honda“ потврди дека новиот „NSX“ ќе започне да се произведува во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП