26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонкурс за медиумски производи за активирање на средношколците во заедницата

Конкурс за медиумски производи за активирање на средношколците во заедницата

konkurs

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, поддржана од Министерството за образование и наука го објавуваат конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“, на тема „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата.“.

Проектот има за цел да ги охрабри средношколците да бидат активни граѓани и да учествуваат во општеството преку различни волонтерски активности во и надвор од училиштето. Средношколцитеможат да бидат вклучени и да придонесат во широк спектар на области во локалната заедница, како што се помош на ранливи групи и нивно интегрирање во општеството, заштита на животната средина, зачувување на културното наследство, почитување на културните различности и други теми од јавен интерес. Проектот го вклучува користењето на медиумски технологии со цел младите луѓе да ги развијат своите таленти и креативни вештини.

Високата школа го реализира конкурсот „Изрази се преку медиумите“ петта година по ред. Средношколците може да се пријават на конкурсот со едноминутно видео, фотоприказна или есеј. Медиумските производи треба да прикажат примери или да дадат идеи како средношколците учествуваат односно можат да помогнат и да придонесат во заедницата. Конкурсот ќе трае до 21-ви април 2013.

Проектот е поддржан од широка платформа на медиуми и компании, кои покажуваат исклучителна општествена одговорност со поддршката на средношколците кои јавно ќе го искажат својот став за актуелните случувања. Најдобрите медиумски производи ќе бидат наградени со лаптоп, камера, фотоапарат и стипендии за студирање на Високата школа.

Наградените медиумски производи ќе бидат објавени на повеќе национални и локални медиуми и интернет страници.

Сите информации за конкурсот „Изрази се преку медиумите“ се објавени на www.vs.edu.mk.

 

Контакт:

Дејан Андонов, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

[email protected]

02 / 30 90 004

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП