19 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрандиозна стаклена вила (фото)

Грандиозна стаклена вила (фото)

гра1

За клиентите кои сакале современа вила, со грандиозен неформален стил и луксуз, Niko Van Der Mulen дизајнираше нешто неверојатно…

Оваа вила има мала формална ложа, со одвоен интимен простор, фамилијарна соба која е отворена, трпезарија со доволно место за дваесет лица и нешто помал простор за појадок. Дел од овој простор се и кујната со остава, гломазниот ладилник, барот, отворениот и затворениот базен, теретаната, собата за биљард и домашното кино. Децата исто така имаат свој простор во оваа вила – тука е посебниот базен за нив, игралницата покрај кујната и уште многу други нешта.

Оваа вила има свој грандиозен паркинг со место за 14 автомобили, како и одвоена куќа за персоналот. Таа се шири во облик на потковица, а нејзиниот дизајн во својот фокус ја има водата – стаклената врата без рамки го декорира целиот нејзин простор, од трпезаријата до атриумот, семејната соба и теретаната.

Со шест апартмани и отворено-затворен концепт на просторот, контролата врз климата во оваа вила не е никаков проблем. Скалите се сместени над соларно грејното езеро, кое заедно со затворениот базен го грее ентериерот на овој дом, па температурата е пријатна и константна во текот на целата зима. Со паметната употреба на екстериерот, главниот апартман доби префинет проѕирен амбиент, кој е отворен и кој нема ќошиња.

Сите апартмани во оваа вила имаат приватност во однос на остатокот од куќата, додека просторот меѓу нив на сите им е на располагање. Можеме слободно да кажеме дека на клиентите им е остварена секоја желба.

гра2

гра3

гра4

гра5

гра6

гра7

гра8

гра9

гра10

гра11

гра12

гра13

гра14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП