26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелорусија воведува нови банкноти?

Белорусија воведува нови банкноти?

belorusija1

Во Белорусија можат да се појават нови банкноти. Националнта банка на Белорусија изјави дека е можна деноминација на валутата, пренесуваат странските медиуми.

Централната банка не прецизираше колку нули ќе се избришат од рубљите. Меѓутоа, строго е наведен главниот услов за издавање на нови банкноти – забавување на темпото на годишната инфлација до 12 проценти.

Белорусија е земја на милионери. И покрај економските шокови, во Белорусија во последните години имотот на повеќето граѓани бил со вредност од 9 или повеќе нули, пренесува Гласот на Русија.

Работата е во инфлацијата, која во 2011 година изнесуваше 108 проценти. Односно, вредноста на парите за една година е двојно намалена. Имајќи го во предвид фактот дека и претходно растот на потрошувачките цени беше неоправдан, парите всушност, ја изгубија својата вредност.

Во Белорусија, деноминација на банкнотите се спроведе два пати во 1994 и во 2000 година. Првиот пат од банкнотата беше избришана една нула, а вториот пат беа избришани три нули.

Колку нули ќе загубат белоруските рубљи денес, никој не може да прогнозира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП