9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВие и природата, еден на еден - неверојатниот Stonewater Cove Resort &...

Вие и природата, еден на еден – неверојатниот Stonewater Cove Resort & Spa (фото)

vie1

Сместен во неверојатната област Озаркс во Мисури, „Stonewater Cove Resort & Spa“ е неверојатно одморалиште во пустината, каде можете да доживеете прекрасна авантура…

Гостите во ова одморалиште можат да уживаат во една од 18-те соби, кои толку потсетуваат на природата – па ќе помислите дека некој дел од природата некој го сместил во ентериерот, а сето тоа е така поради прекрасниот рустичен декор, плетениот мебел и боите кои ги нагласуваат сите елементи.

Со елегнатниот изглед, ова одморалиште ви нуди широк асортиман на погодности, за оние кои сакаат да прават нешто на копно и за оние кои сакаат да прават нешто во вода. „Full American Plan“ резервацијата за ова одморалиште ги вклучува сите оброци, ловење, кајак, WiFi, пристап до медиа соба, ложа, базенот, џакузито, спортските терени и базенот во средина на езерото.

Ако ова ви звучи здодевно, за вас има и ATV возење, Zip-line тура, возење на брод и други активности кои ви се на располаѓање. Истражувањето на околината се подразбира, бидејќи ова место се наоѓа на влезот во Марк Твен националниот парк.

Феноменален појадок, ручек покрај базен, креативна и исклучително вкусна вечера – тоа е она на што можете да се надевате кога станува збор за исхраната. На крајот од денот, можете да се опуштите и да уживате, а пред тоа да го посетите „Treehouse Spa“ и да уживате во масажата со топли камења, прилагодените масажи и други феноменални третмани.

vie2

vie3

vie4

vie5

vie6

vie7

vie8

vie9

vie10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП