24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ7 европски места кои морате да ги посетите оваа есен (фото)

7 европски места кои морате да ги посетите оваа есен (фото)

61123528

Доаѓањето на есента ја бои природата во жива палета на топли жолти, портокалови и црвени нијанси кои дополнително ја разубавуваат глетката на одредени градови и места. Ако планирате некое кратко патување оваа есен, секако посетете некое од овие извонредни убавини.

1. Кумбриа, Англија

61123525

Ова место на северозападот од земјата кое се граничи со Шкотска е извор на прекрасни природни убавини на кои во есен е уште потешко да се одолее. Покрај националниот парк Лејк Дистрик кој го одзема здивот со прекрасните езера, истражете ја и шумата Фризајдејл во која темните борови и црвените буки создаваат фантастичен пејзаж. Во локалните пабови не заборавајте да го пробате домашниот пијалок од јаболки и да наздравите за новото годишно време.

2. Бриж, Белгија

canal-in-bruges-belgium-Stock-Photo-autumn

Средновековниот белгиски град во есен ја добива една од најубавите европски панорами каде што златните и црвените винови лози ги опкружуваат историските градби и прекрасните глетки се рефлектираат во градските канали. Дел од градскиот шарм ќе искусите на отворените пазари кои работат се до почетокот на ноември, а особено ако ги пробате славните напитоци од какао како Де Проеверија.

3. Осло, Норвешка

61123529

Промените на годишните времиња се особено убави на северот од Европа. Прошетката во Осло тогаш станува вистинско задоволство, особено по живописните градски паркови кои секоја година стануваат се поубави. Никако не заборавајте да го посетите замокот Акершус, како и паркот на склуптурите Вигеланд чии склуптури особено доаѓаат до израз со промената на листовите на околните стебла.

4. Прага, Чешка

61123528

Чешкиот главен град е убав во сите годишни времиња, но овозможува нешто посебно кога листовите почнуваат да ја менуваат бојата на стеблата во градските паркови. На есен има и помалку туристи по улиците, па е полесно да се ужива во знаменитостите како што е Прашката Тврдина, плоштадот Вацлав и Карлов мост. Особено чувство ќе доживеете ако си дозволите и возење со брод по Влтава.

5. Будимпешта, Унгарија

61123524

Пријатните есенски температури во септември и октомври се одлична препорака за посета на Унгарија, каде што во оваа доба се организираат многу гастрономски фестивали на отворено. Покрај уживањето во локалната храна и пијалоци, градот нуди и многу „бесплатни“ атракции кои секако мора да ги истражите со прошетки. Качете се на брод и уживајте во убавиот син Дунав.

6. Пиемонт, Италија

61123527

Октомври е шпицот на сезоната за уживање во храната и пијалокот во руралниот Пиемонт. Костени, чоколади, тартуфи и други видови на печурки имаат посветени посебни фестивали на кои се ужива во локалните специјалитети. Доколку имате прилика приклучите се и во бербата на грозје каде ќе уживате во домашните обичаи.

7. Блед, Словенија

61123526

Бледското езеро во Словенија е одличен избор за љубителите на активен одмор. Тука можете да планинарите, да јавате, да возите велосипед, да пловите во традиционалните чамци, или едноставно да уживате во прекрасните пејзажи надополнети со магичните планини во околината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП