17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi Mi 4c ќе биде претставен на 22-ри септември

Xiaomi Mi 4c ќе биде претставен на 22-ри септември

micetiric

Смартфонот „Xiaomi Mi 4c“ досега се појави во неколку неофицијални информации, па така веќе сме запознаени во спецификациите на овој телефон. Сега, претседателот и ко-сопственик на компанијата „Xiaomi“, Лин Бин, објави дека „Mi 4c“ ќе биде официјално претставен на 22-ри септември.

Бин исто така потврди и дека телефонот ќе биде достапен во две верзии. Едната ќе има 2GB RAM и 16GB простор за складирање, додека другата ќе има 3GB RAM и 32GB простор за складирање.

Засега други детали официјално не се објавени, но тоа што можеме да го знаеме од „benchmark“ резултатите е дека „Mi 4c“ има процесор „Snapdragon 808“, 5.5-инчен „Full HD“ дисплеј, 13MP и 5MP камери, како и оперативниот систем „Android 5.1.1“.

Се очекува дека телефонот ќе има поддршка за „Type-C“ порт, инфрацрвен порт и батерија со капацитет од 3080mAh.

„Xiaomi Mi 4c“ би требало да се најде во продажба од 3-ти октомври, по цена од околу 235 долари за основниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП