7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNVIDIA најавува нови процесори

NVIDIA најавува нови процесори

NVIDIA_Tegra_250_3qtr_large

Компанијата „NVIDIA“ сака да ги унапреди графичките перформанси на апликациите за таблетите и паметните телефони, па поради тоа тие најавија два нови процесори од моделот „Tegra“ за мобилни телефони.

Новите „Tegra“ процесори ќе бидат под името „Logan“ и „Parker“, а се очекува да бидат наследници на процесорот „Tegra 4“, додека планирано е тие во уредите да бидат вградени до крајот на оваа година. Новите чипови се најавени како дел од планот за унапредување, а беа обелоденети од страна на извршниот директор на компанијата, Јен Хсун Хуанг за време на технолошката конференција која се оддржи во Санта Клара во Калифорнија.

Чипот „Logan“ се очекува прв да го наследи „Tegra 4“ и ќе биде презентиран во втората половина од оваа година, а додека пак масовното производство е најавено за наредната година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП