20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд кога Германците имаат помали имоти?

Од кога Германците имаат помали имоти?

berlin1

Истражувањето на Бундесбанк за финансиите на приватните домаќинства дало прилично збунувачки резултати.

Германските домаќинства располагаат со значајно помал имот од оние во Шпанија и Италија.

Просечно германско домаќинство, според податоците на Германската народна банка Бундесбанк, има бруто имот во вредност од 69.000 евра.

Кога од таа сума ќе се одземат долговите, износот на нето вкупниот имот на едно германско домаќинство е 51.000 евра. Во Италија тој износ е 163.000 евра, а во Шпанија околу 178.300 евра. Во Франција тој износ е 113.000 евра, а во Австрија 76.000 евра.

Бундесбанк ова истражување го спровел на речиси 36.000 домаќинства во Германија во период помеѓу септември 2010 година и јули 2011 година, што значи на почетокот на европската криза. Во останатите земји слични анкети се спроведени веднаш по истражувањето на Бундесбанк.

Како причина зошто германските домаќинства имаат помали имоти од другите членки на еврозоната, Бундесбанк наведува дека во ова истражување не се вклучени сите аспекти со кои може да се согледа имотот, како и значајните разлики во имотот помеѓу некогашната Западна и Источна Германија.

Третата причина, смета Бундесбанк, е тоа што Германците во споредба со сите Европјани, релативно поретко купуваат недвижности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП