26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на сиромашни во Русија

Намален бројот на сиромашни во Русија

O

Судејќи по статистичките податоци, бројот на најсиромашните граѓани на Русија е намален минатата година.

Приходи под линијата на сиромаштијата во 2012 година имале околу 15,8 милиони луѓе, што е 2,2 милиони помалку или 12,2 проценти во однос на една година претходно.

Минимумот за егзистенција за четвртиот квартал од 2012 година бил 6.705 рубљи (167,6 евра), за работоспособното население 7.263 рубљи, за пензионерите 5.281 рубљи, а за децата 6.432 рубљи.

Во споредба со третото тромесечје во 2012 година, минимумот за целото население е зголемен за 0,9 проценти. Покрај тоа, цената на прехрамбените производи е намалена за еден процент, а цената за непрехрамбените производи и услугите се зголемила за два, односно 2,3 проценти.

Просечниот приход по граѓанин за последните три месеци од минатата година изнесувал 27.421 рубљи, што е за 19,6 проценти повеќе во однос на третиот квартал од 2012 година и за 11,8 проценти повеќе во однос на четвртото тромесечје од 2011 година.

Сојузната служба за државна статистика на Русија (Ros stat), објави дека во последните три месеци од минатата година сиромашните опфаќале 8,8 проценти од вкупното население во земјата, во споредба со 9,7 проценти во последниот квартал од 2011 година и 12,1 процент во третиот квартал од 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП