11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗQX70 Ultimate - врвна верзија на кросоверот на Infiniti (фото)

QX70 Ultimate – врвна верзија на кросоверот на Infiniti (фото)

qx70

Нова специјална верзија на спортскиот кросовер „QX70“ покажа јапонската марка „Infiniti“. Автомобилот го доби додаток „Ultimate“ кон своето име, а ќе биде демонстриран пред публика за време на саемот во Франкфурт.

Се што сопствениците сакаат во дизајнот и динамиката на „QX70“, е дестилирано во една нова визија – „QX70 Ultimate“, па поради тоа од „Infiniti“ го претставија овој модел. Тој се одликува со различен дизајн напред и назад, нов преден сплитер, дифузор, интегрирани светла за магла, хромирани црни елементи, бандажи со големина од 21 инчи, нови дневни светла и друго“.

Засега недостастуваат фотографии од ентериерот, но се истакнува дека тој е исполнет во склад со екстериерот, обложен со сјајни црни површини, виолетови шевовите и мека кожа.

qx701

За верзијата „Ultimate“ се нуди избор помеѓу 3.7-литарски V6 бензински мотор или 3.0-литарски V6 дизел. Двата се опремени со 7 брзински автоматски менувач, како и погон на сите четири тркала.

Познати се и цените на „QX70 Ultimate“ кој во Германија ќе се продава од 64.500 евра за бензинската верзија и од 65.200 евра за дизел варијанта, а продажбата ќе стартува на отворањето на саемот во Франкфурт веќе следната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП