1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕвропски ден на еврејската култура во МНТ

Европски ден на еврејската култура во МНТ

еврејската-култура

Европскиот ден на еврејската култура се одбележува паралелно во 32 европски земји, а Еврејската заедница во Македонија ќе го одбележи по јубилеен десетти пат денес, 12-ти септември во новиот објект на Македонскиот народен театар (МНТ) со почеток во 20 часот.

Секое годишно одбележување на Европскиот ден на еврејската култура носи различна тема, којашто ја поставува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство. Годинава темата на Европскиот ден е „Мостови“.

И годинава во режија на Снежана Коневска-Руси, претставата „Мостови“ ќе ја продолжи приказната за младите Симона и Давид, главните протагонисти на Европскиот ден во 2013 година, кога централна тема беше „Јудаизмот: аманет за природата“.

Преку музиката, танцот и актерството, на сцената ќе бидат прикажани еврејските и македонските обичаи во единствена симбиоза преку симболиката на мостовите, спојот на различните култури, религии и етникуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП