25 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБеспрекорното искуство во Anantara Dubai The Palm (фото)

Беспрекорното искуство во Anantara Dubai The Palm (фото)

лаз1

Беспрекорниот Anantara Dubai the Palm Resort & Spa е единственото одморалиште кое нуди вили над вода во Обединетите Арапски Емирати, и уште многу други нешта…

Нуди толку многу нешта што со зборови не може да се опише искуството кое таму можете да го доживеете. Оние кои ќе патуваат во Дубаи и ќе го посетат ова одморалиште од самиот старт ги очекува неверојатна локација, сместување на познатиот Palm Jumeirah.

Во ова одморалиште гостите добиваат третман за богови, односно им се исполнуваат сите желби во најпрекрасното и најлуксузното опкружување. Посетата на овој екстравагантен град сама по себе е неверојатно искуство, а престојот во ова одморалиште ќе ја направи незаборавна. Услугата на ова одморалиште е беспрекорна, додека списокот на атракции и забавни и префинети активности е многу долг.

На пример, можете да пливате во еден од четирите базени, додека вашите деца, доколку ги имате, уживаат во клубовите кои се прилагодени на нивната возраст. Спортовите на вода овде се многу популарни, додека кулинарските сесии и едноставното одморање со пијалок по избор е нешто што никако не можете да го одбиете.

Ова одморалиште се наоѓа во источниот дел на „Palm Jumeirah“ и нуди 260 соби и 33 вили над вода. Овде постојат и неколку ресторани и нормално спа центар кој е вистински шлаг на тортата. Мешавината од тајландската архитектура и арапското опкружување го прават ова место идеално и волшебно, додека сите популарни атракции, доколку се одлучите да ја истражите околината, се многу блиску.

лаз2

лаз3

лаз4

лаз5

лаз6

лаз7

лаз8

лаз9

лаз10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП