1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата го отфрли стабилизацискиот план, предложен од Кипар

Еврогрупата го отфрли стабилизацискиот план, предложен од Кипар

20130322-203947.jpg

Еврогрупата го отфрли стабилизацискиот план, предложен вчера од Кипар, изјавија анонимни извори, јави БТА.

Европските лидери изразиле најголемо негодување во однос на предлогот за национализација на приватните пензиски фондови.

Во меѓувреме Банката на Кипар и Народната банка го поддржаа данокот на банкарските депозити над сто илјади евра при недостиг на друга алтернатива за избегнување на банкротот на банкарскиот сектор и на економијата.

– На сите граѓани, политичари и специјално на 56-члениот Парламент треба да им биде јасно дека во ситуација во која нема да има друга алтернатива не треба да има забавување во прифаќањето на предлогот на Еврогрупата за воведување данок на депозитите над сто илјади евра, со цел да биде спасен банкарскиот сектор, изјави директорот на Банката на Кипар Андреас Артемис.

Тој предупреди дека колапсот на банкарскиот сектор би довел до целосна загуба на сите депозити над сто илјади евра и додаде дека многу компании ќе претрпат значителни загуби и илјадници работни места ќе бидат скратени.

Директорот на Народната банка Такис Фидиас исто така изјави дека го претпочита оданочувањето на банкарските депозити, со цел да се соберат средства.

– И покрај тоа што првичниот предлог на Еврогрупата беше тежок, тој обезбедуваше иднина на банкарскиот сектор, истакна Фидиас.

Со цел да се избегне банкрот на земјата, кипарските власти склучија во саботата во Брисел спогодба за спасувачки план, која предвидуваше данок врз банкарските депозити на островот, кој достигнуваше до 9,9 отсто, при што на тој начин беше предвидено да се соберат 5,8 милијарди евра. Мерката беше отфрлена во вторникот од Парламентот и Владата разгледуваат други можности.

Банките во Кипар се затворени од саботата и нема да отворат до вторник, поради стравувањата од масовно повлекување на средства.

Следните неколку часа се очекува Парламентот да се произнесе за серија алтернативни предлози со цел да се соберат потребните средства, за да може Кипар да ја добие финансиската помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд и да избегне банкрот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП