23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани докторирале 146 лица

Лани докторирале 146 лица

20130322-203933.jpg

Минатата година во Македонија се намалил бројот на лица кои се стекнале со звање доктор на наука за 25,9 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика во 2012 година звање доктор на науки стекнале 146 лица. Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки 54,1 отсто, медицинските науки 18,5 отсто, потоа следат техничко – технолошките со 13 отсто, а останатите лица докторирале во областа на природно – математичките, хуманистичките науки и биотехничките науки.

Учеството на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2012 година изнесува 71 кандидат што претставува 48,6 отсто од вкупниот број лица кои докторирале во 2012 година.

Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент 37,7 отсто својата професија ја вршат во образовната дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП