26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис климата во Германија повторно нарушена

Бизнис климата во Германија повторно нарушена

germany1

Бизнис довербата во Германија во март, по четири месеци јакнење повторно е нарушена, покажа  најновиот извештај на германскиот институт „Ifo“.

„Ifo“, индексот за бизнис климата, кој се темели на резултати на анкета спроведена помеѓу 7.000 деловни луѓе, во март е намален на 106,7 поени, од 107,4 поени кои беа забележани во февруари.

„Германската економија и натаму е на пат на закрепнување во отежнати услови на работење, благодарение на силната домашна побарувачка“, стои во соопштението на угледниот германски институт за економски истражувања „Ifo“.

Оптимизмот на деловните лидери го разниша финансиската криза на Кипар, која повторно ги поттикна стравувањата дека непопустливата должничка криза во еврозоната би можела да ја забави најголемата европска економија.

„Ifo“ индексот е помал од 107,6 поени, ниво кое го предвидоа 37 економисти од анкетата на Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП