28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата на Монти го одложи намалувањето на буџетскиот дефицит

Владата на Монти го одложи намалувањето на буџетскиот дефицит

monti1

Разговорите се во тек со цел точно да се утврди продолжувањето на рокот за намалување на буџетскиот дефицит и долговите.

Техничката влада на Марио Монти, која ги обавува тековните операции до основањето на нова италијанска влада, одлучи планираното намалување на буџетскиот дефицит и задолжување за оваа година да го одложи за 2014 година, пренесува агенцијата Танјуг.

Разговорите сеуште се во тек, со цел точно да се утврди продолжувањето на рокот за намалување на буџетскиот дефицит и долговите.

Владата на Монти ваквиот потег го оправдува со последиците од рецесијата како и просторот за решение кој го остави Европската комисија, но таа потенцираше дека буџетскиот дефцит не смее да ја надмине границата од три проценти.

Рим неколку пати во текот на минатата година ги одложуваше плановите за намалување на буџетскиот дефицит.

Италијанската влада првично планираше намалување на буџетскиот дефицит на 1,2 проценти од БДП во 2012 година, потоа таа се предомисли тој да биде три проценти, додека стапката на задолжување изнесува 127 проценти, што е за четири пати повеќе од планираното.

Владата на Монти планира буџеткиот дефицит за 2013 година да не премине 1,8 проценти, а степенот на задолженост 126,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП