20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦип Продукт доби дозвола од КХВ да даде понуда за преземање на...

Цип Продукт доби дозвола од КХВ да даде понуда за преземање на акциите на Пелистерка

komisija-ja-hartii-od-vrednost

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) му издаде дозвола на Трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија Цип Продукт ДООЕЛ Скопје да даде понуда за преземање на сите акции издадени од Друштвото за Производство и трговија Пелистерка АД Скопје.

Понудата за преземање се однесува на 17.019 обични акции со право на глас издадени од Пелистерка АД Скопје и 8.778 приоритетни партиципативни акции издадени од Пелистерка АД Скопје.

Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 2.100 денари по акција. Понудената цена се однесува на двата родови на акции издадени од Пелистерка АД Скопје.

Понудата за преземање се однесува на сите акционери кои поседуваат обични акции со право на глас и на Фондот за ПИОМ како сопственик на сите приоритетни партиципативни акции, сите издадени од Пелистерка АД Скопје.

Најмалата количина на обичните акции кои треба да бидат откупени за понудата да биде успешна е 8000 акции, што претставува 19,32 проценти од вкупниот број на обични акции.

Имено, најнискиот процент од сите обични акции на Пелистерка АД Скопје кој преземачот треба да го стекне заедно со хартиите од вредност кои веќе ги поседува треба да изнесува 78,22%. Понудувачот за приоритетните партиципативни акции не определува најмала количина која треба да се прифати за понудата да се смета за успешна, се вели во соопштението на КХВ.

Комисијата истовремено му даде одобрение на Акционерското друштво КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Станува збор за 22.500 обични акции со вкупен продажен износ од 90 илјади евра во денарска противвредност.

Зголемувањето на основната главнина на КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје се врши со парични влогови, со издавање на нови акции од трета емисија и тоа заради создавање услови за непречено функционирање на друштвото . Емисијата на акции е наменета за познат купувач – Surrey Dynamics Limited од Обединетото Кралство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП