6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПо сто години најден запис од Погребната песна на Игор Стравински

По сто години најден запис од Погребната песна на Игор Стравински

погребната

Композицијата на славниот руски композитор Игор Стравински, која ја компонирал во својата 26-та година, а се сметаше за изгубена, повеќе од еден век, случајно е пронајдена меѓу бројните нотни записи на Конзерваториумот во Санкт Петербург, соопшти музикологот Наталија Брагинска.

„Целосниот комплет од оркестарските гласов на ‘Погребната песна’ (тажачка), повеќе од сто години се сметаше за загубена, но таа е најдена меѓу материјалите на нотната библиотека на Конзерваториумот во Санкт Петербург“, изјави за медиумите Наталија Брагинска.

Ова до неодамна загубена дваесетминутна композиција соработниците на Брагинска ја откриле забележувајќи го името на големиот композитор на една од кајданките сокриени меѓу некаталогизираните нотни записи, во

„Веднаш ме повикаа и ми кажаа дека ја пронашле оркестарската партитура од ‘Погребната песна’ Опус 5“, изјави музикологот, потсетувајќи дека Стравински ја компонирал во 1908 година, во спомен на својот учител Николај Римски Корскаков, кој починал една година претходно.

Оваа композиција била само еднаш изведена, на 17-ти јануари 1909 година во Големата сала на Петербуршкиот конзерваториум на Првиот Руски симфониски концерт во чест на големиот руски композитор.

„’Погребната песна’ Стравински ја компонирал пред балетот ‘Жар птица’ кој го прослави во 1910 година во Париз“, вели Баргинска.

Брагинска потсетува и дека, Игорд Федотович, во својата биографија жали што ракописот од партитурата исчезнал во Русија за време на револуцијата. Па дури се мислело дека делото е уништено од советските власти. Оттогаш во сите каталози во земјата и во странство, композицијата на Стравински со наслов 2Погребна песна“ е проследена со „не е издадено, загубено“/unpublished, lost/. Сега, по еден век, оваа белешка ќе биде отстранета.

Откритието е по иницијатива на самата Брагинска од пред неколку години. Наскоро ќе биде извршена и реконструкција на партитурата и подготовка за светска премиер на едно од досега непознатите рани дела на еден од најголемите и највлијателни композитори и диригенти од XX век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП